вторник, март 19, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕСМ објави повик за снабдување со природен гас за февруари за топланите и други потрошувачи во државата

    ЕСМ Продажба спроведува постапка преку јавен повик за прибирање понуди од домашни и странски лиценцирани фирми регистрирани за дејноста кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за месец февруари 2023 година за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Република Северна Македонија, кои снабдувањето ќе го вршат преку ЕСМ Продажба.

    -Јавниот повик трае од 20 до 24 јануари 2023 година и понудувачите треба да достават податоци за нивната понуда во однос на техничките карактеристики на гасот, земја на потекло, гаранција, фиксна цена за MWh, вкупна количина која се нуди и изјава од одговорното лице на понудувачот дека може да ги обезбеди наведените количини во периодот за кој се дава понудата, односно за февруари, се вели во денешното соопштение од ЕСМ продажба.

    Покрај јавниот повик, се додава во соопштението, домашните лиценцирани фирми за дејноста се и директно контактирани од страна на ЕСМ Продажба, со цел запознавање со повикот и можно поднесување понуда.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ