петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕСМ ќе побара да достават конечни понуди трите компании кои се јавија на тендерот за набавка на гас

    Управниот одбор на АД ЕСМ ја разгледа информацијата подготвена од ЕСМ Продажба ДООЕЛ Скопје, во врска со истражувањето на пазарот и пристигнатите информации за набавка на природен гас за снабдување со кризата со топлинска и со електрична енергија и го задолжи правното лице да испрати допис до трите компании кои се пријавија на тендерот со цел да ги допрецизираат информациите и да достават конечни понуди, информираат од АД ЕСМ.

    -Управниот одбор го задолжи ЕСМ Продажба да ја појасни информацијата преку испраќање допис до трите компании со барање да ги допрецизираат своите информации кои ги испратиле и истите да достават конечни понуди за месец ноември за работа на топланите Исток, Запад и Енергетика, и понуди за евентуално вклучување во режим на работа на приватната гасна електрана ТЕ-ТО, од која исто така е побарана информација дали тие самите имаат обезбедено природен гас и за кој период. Оваа информација е потребна бидејќи ТЕ-ТО произведува и електрична енергија, но и топлинска енергија која влегува во системот на парно греење на градот Скопје, прецизираат од ЕСМ.

    Рокот за доставување на понуди истече во петокот минатата недела. Засега не се знае кога и дали навреме би се склучил договор за ново снабдување. Гас за работа на топланите има за уште 6 дена.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ