недела, мај 5, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕСМ ќе му продава струја на ЕВН за 53 евра по мегават час

    АД ЕСМ на денешниот тендер на универзалниот снабдувач ЕВН му доставил понуда од 53 евра за мегават час за покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини. Како што информираат од ЕВН Хоум, оваа цена е за околу 5,35 отсто пониска од цената добиена на последниот тендер кога изнесува 56 евра за мегават час.

    За новата цена на електричната енергија, која треба да стапи во сила од 1 јули, деновиве ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика.

    Од цената на ЕСМ најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните за  струја во следните шест месеци.

    Во промената на цената треба да се вкалкулираат и барањата за мрежарина од ЕВН и за покривање на загубите од Електродистрибуција. Треба да се земе во предвид дека и ДДВ за струја се враќа од 10 на 18 отсто.

    Иако се најавуваше, враќање на евтина струја нема да има од 1 јули. Новата цена на струјата ќе се соопшти  следната недела.

    Премиерот Димитар Ковачевски не очекува зголемување на цената на електричната енергија.

    – Цената на електричната енергија ја дефинира Регулаторната комисија за енергетика. Јас не очекувам ценовен шок, истото го кажав и пред сега веќе претпоследното определување на цената на струјата. Тогаш сите велеа дека ќе има зголемување на цената на струјата од 30 до 60 проценти. Тоа беа истите тие кои беа експерти за корона, а потоа станаа експерти за енергетика, сега се експерти за уставни измени. Тоа се истите скептици, истите критизери кои единствено сакаат да внесат немир и дезинфомации кај граѓаните, изјави Ковачевски по денешната посета на компанијата за производство на фина картонска амбалажа „Еврос Комерц“ во Старо Нагоричане.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ