сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕСМ: Блок 1 на РЕК Битола вратен на мрежа, санацијата завршена 24 часа порано

    Блок 1 во РЕК Битола од изутрината во 08.35ч е вратен на мрежа и продолжи со производство на електрична енергија, по извршената санација во изминатите два дена, соопшти ЕСМ.

    Санирањето на пречките во делот на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката се изведе 24 часа порано од предвидениот рок и блокот е вклучен во редовно производство.

    -Стручните служби и вработените во РЕК Битола кои беа вклучени во зафатот, покажаа исклучителна посветеност и непрестана работа на задачата, со цел и покрај амортизираната опрема и долгиот рок на работа на термоелектраната, за што пократко време да се отстрани застојот и блокот да се врати на мрежа, се наведува во соопштението.

    РЕК Битола е во очекување да пристигне и трансформаторот за Блок 3 кој во моментот се превезува од Грција кон граничниот премин Меџитлија.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ