сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 74,57 евра за мегават час, на МЕМО 71,63 евра за мегават час

    Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 8 март просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 74,57 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 71,63 евра/mwh.

    Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 65,81 евра за мегават час, а на MEMO 63,06 евра.

    Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 23,43 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 26,33 евра.

    Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

    Информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

     

    Важна напомена: Податоците од МЕМО се со почетен датум од 10 мај 2023 година, а податоците за TTF Dutch Day-Ahead производот се презентирани почнувајќи од 1 јули 2023 година.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ