петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Двојно пониска цена на струјата за прехранбената индустрија, се очекува поевтинување на основните производи за 10 отсто

    Владата ќе ги поддржи производителите на масло, пекарски, млечни и мелнички производи, како и преработувачите на млеко, но можно е листата да се прошири и со компаниите од месната индустрија. Тие ќе плаќаат струја под 100 евра за мегават час, што е двојно помалку од цената на регулираниот пазар. Поради ова се очекува најпрво да се стабилизира пазарот, а потоа цената на лебот да се намали за околу 10 проценти.

    Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, до крајот на денот стопанските комори треба да достават дополнителни предлози со кои би се проширила листата на компании за поддршка. До утре ќе се направат сите калкулации во однос на евентуалните финансиски импликации, по што ќе биде донесена и конкретната одлука.

    Според него, Владата има механизми во случај на злоупотреба на цените да се донесат одредени одлуки согласно мерките за замрзнување на одредени цени на основни прехранбени производи. „Ова е само почеток на донесување на вакви мерки, ќе следуваат и уште многу мерки, со цел да ја ублажиме кризата и за заштита на стандардот на потрошувачите’, додаде тој.

    Бектеши потврди дека најавените околу 300 основни и средни училишта и сите јавни комунални претпријатија ќе се префрлат на ЕСМ продажба и ќе ја добиваат струјата по цена како и за компаниите од прехрамбениот сектор, околу 100 евра за мегават час.

    Претседателката на ЕК  Урсула фон дер Лајен која вчера беше во посета на Скопје, соопшти дека од пакетот помош на ЕУ за регионот, 80 милиони евра се наменети за Северна Македонија. Земјата ќе ги искористи средствата најверојатно како директна поддршка за најранливите категории граѓани и за микро и малите претпријатија.

    „Вчера се доставени нашите предлози до ЕК, до утре секако дека ќе имаме одговор, а нејверојатно средствата ќе бидат директна поддршка за најранливите категории граѓани и за микро и малите компании до крајот на  прогласената кризна состојба до крај на април“, рече Бектеши.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ