среда, април 17, 2024
spot_img
Повеќе

    Дизелот поскапува за два денара

    За два денара поскапува  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ, а малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

    Новата цена на дизелот ќе изнесува 72,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98 натаму ќе се продаваат за 80 денари, односно за 82 денари по литар, Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 70 денари, а Мазутот М-1 НС 41,784 денари за килограм.

    Со Одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57 процентиво однос на одлуката од 10-ти месецов.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ