петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Придобивките од понудата на ЕДС по повод Black Friday: За една компанија од средна големина, заштеда од 1.140 евра месечно

    ЕДС АД, компанија која што важи за лидер во областа на трговија со електрична енергија на македонскиот пазар, по повод Black Friday подготви ексклузивна понуда за своите клиенти, со која што компаниите кои што ќе склучат договор во траење од една година, најдоцна до 29 ноември, ќе обезбедат сериозна заштеда на сметките за потрошена електрична енергија токму во најкритичните месеци од годината.

    Компанијата нуди попуст во траење од шест месеци, кој што за пример, како што посочуваат од ЕДС АД, за една компанија од средна големина би значела заштеда од 1.140 евра месечно. За повеќе детали за понудата и придобивките направивме краток разговор со директорот за маркетинг и продажба во ЕДС АД, Златко Черепналкоски.

    ЕДС подготви посебна понуда до своите клиенти по повод Black Friday. Што точно содржи понудата?

    Черепналкоски: Black Friday понудата го обезбедува она што сите потрошувачи во овие кризни времиња го посакуваат – попуст на трошокот за потрошена електрична енергија. Имено, ЕДС во својата Black Friday понуда нуди 2% намалување на трошокот за потрошена електрична енергија на слободниот пазар во првите шест месеци од договорот. Со оглед на фактот што во тие први 6 месеци се практично опфатени и најкритичните месеци (јануари – април) кога поради грејната сезона и кризата во снабдувањето со природен гас цените на струјата можат одново да постигнат несакани високи нивоа, шест месеци по 2% од трошокот можат да значат сериозна заштеда.

    Кои се придобивките за компаниите кои ќе се одлучат да ја прифатат, каква заштеда може да очекуваат со прифаќање на понудата?

    Черепналкоски: Peakload цената за вчерашниот ден (23 ноември 2022) на HUPX спот берзата се истргува на ниво од 285 EUR/MWh. Сакаме да веруваме дека, доколку Европа ги обезбедила своите задолжителни резерви на природен гас, цените на струјата нема да го доживеат сценариото од ова лето. Доколку цените останат на ова ниво тогаш 2% попуст на HUPX цената би значело намалување на цената од 5,7 евра за еден мегават/час. Тој попуст за средни претпријатија кои трошат на пример 200 мегават/часови месечно би значел заштеда во апсолутни вредности од 1140 евра месечно, и така шест месеци по ред. Менаџерите на тие фирми овие средства ќе ги гледаат низ призмата на тоа колку бруто плати ќе бидат обезбедени со заштедата.

    Понудата се однесува на договор за снабдување со електрична енергија во траење од една година. Имајќи ги предвид случувањата на пазарот на енергенси во моментов и во изминатиот период, колку за компаниите е придобивка да имаат долгорочен договор за снабдување со струја?

    Черепналкоски: ЕДС АД се има докажано како стабилен и сигурен партнер. Во година во која предизвиците можеби ќе бидат дури и поголеми од оваа 2022, да се има годишен договор со ЕДС значи да се има електрична енергија 365 дена 24 часа во денот без ризик од прекин во снабдувањето со електрична енергија. Каква и да биде 2023 година, а човечки е да се надеваме на подобри времиња, сепак сигурноста на снабдувањето е далеку поважно од цената на самата енергија, а за цената ЕДС обезбедува Black Friday попуст!

    Повеќе информации за промотивната понуда може да се најдат на и веб страната www.eds.mk.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ