понеделник, мај 6, 2024
spot_img
Повеќе

    Деспотовски: ТИРЗ склучи договор со ЕСМ, обезбедено стабилно снабдување со гас во скопската зона

    Дирекцијата на технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) денеска склучи договор со ЕСМ Продажба, со којшто, како што соопшти директорот Јован Деспотовски, од 1 јануари следната година, корисниците на природен гас во скопската зона имаат обезбедено стабилно снабдување. Цената е некаде околу 40 проценти пониска од износите што се плаќаа во пикот на енергетската криза.

    – Имаме стабилно снабдување и тоа што е многу важно, имаме снабдување од извори, различни од досегашните. Билансите ќе ги почекаме со завршните сметки, но податоците со коишто располагаме е нето износот, говорат дека разликата помеѓу приходите и трошоците сепак одржува одреден баланс. Растот на цената на струјата секако ќе има влијание врз добивката но дополнителен фактор е и растот на платата. Станува збор за раст што секако е поголем од 15 проценти. Овие два фактори имале влијание врз работата на компаниите, но вредноста на нето износот, сè што е извезено одржува стабилно ниво, што значи дека компаниите имаат, истакна Деспотовски.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ