петок, мај 3, 2024
spot_img
Повеќе

    Чешка компанија ќе управува со уличното осветлување во Валандово

    Чешката компанија „ИЦС Системи“ преку својата подружница во Охрид е избрана да го модернизира и одржува јавното улично осветлување во Валандово, како најповолен понудувач на огласот за јавно приватно партнерство распишан од локалната самоуправа.

    Од Општина Валандово посочија дека компанијата од Чешка ќе биде обврзана да ги промени сите улични светилки со висококвалитетни, модерни и енергетски ефикасни и ќе се финансира со заштедите што ќе ги остварува општината од замената на старите неефикасни светилки.

    – Јавното приватно партнерство ќе го основаме на период од осум години во кои општината грижата за јавното осветлување целосно ќе и ја препушти на партнерската компанија која покрај замената на постоечкото осветлување со ново,ќе врши и санирање на настанатите проблеми и дефекти, посочуваат од општината.

    Избраната партнерска компанија била со долгогодишно искуство во областа на модернизацијата и осветлувањето со многу реализирани проекти во Охрид и Куманово.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ