четврток, јуни 17, 2021
spot_img
Повеќе

    Цените на бензините и дизелот останаа непроменети, поевтинува екстра лесното масло

    Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменети, од ноќеска на полноќ нова пониска цена ќе има Екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

    Според одлуката малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 25 јануари 2021 година.

    Од ноќеска на полноќ  максималните цени на нафтените деривати, како и изминатата недела ќе изнесуваат 61 денар за литар Еуросупер БС-95, 63 денари Еуросупер БС-98, 52 денара Еуродизелот. Новата малопродажна цена на  Екстра лесното ќе изнеусва 41 денар, а малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,168 денари за килограм и ќе изнесува 31,436 денари.

    Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 0,407 отсто, дизелот за 0,57 отсто, екстра лесното масло за 2,317  отсто, додека кај мазутот има зголемување од 0,949 отсто .

    Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,152 отсто.

    Latest Posts

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја