петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Цената на пелетите е ограничена на 27.000 денари за тон, дистрибутерите предупредуваат на недостиг

    Владата донесе одлука да ја замрзне цената на пелетите на 27.000 денари за тон согласно предлогот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Министерството за економија, информира денеска ресорниот министер Крешник Бектеши.

    „Одлуката за цените на пелетите и огревното дрво е донесена согласно анализите и предлозите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми. Во анализите за октомври просечната увозна цена за тон пелети е 22.940 денари, а цената која ја замрзнавме е 27.000 илјади денари по тон, рече Бектеши.

    -Има разлика од повеќе од 4.000 денари по тон што сметам дека е солидна разлика за трговците да не се во загуба и да ги покријат сите режиски трошоци, прецизира Бектеши.

    Продажната цена по килограм пелети во земјава е околу 55 денари, а со замрзнувањето ќе биде 27 денари за килограм.

    Производителите на пелети “,пак, реагираат на одлуката на владата за ограничување на цената на пелетите во малопродажба. Велат таа е неодржлива и нефункционална, а очекуваат да доведе до недостиг на пелети на пазарот.

    Од Националното здружение на производители и дистрибутери на продукти од биомаса „Биомак Енерџивелат дека ако остане ограничувањето на цената, од 1 декември на пазарот нема да има пелети.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ