Изборот за универзален снабдувач со електрична енергија не е заглавен, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Според него, Комисијата за евалуација работи секојдневно на тоа.
-Мислам дека веќе наредните денови Комисијата ќе излезе со конкретен резултат, нагласи Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на јавната дискусија за нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026“.
Битиќи исто така негираше и дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за електрична енергија од први јули.
Според него, има одлука за субвенционирање на електричната енергија до 30 јуни оваа година, а следната влада што ќе биде предводена од СДСМ е подготвена, како што нагласи, да донесе одлуки битни за граѓаните, а тоа е субвенција.
– Ако дојде друга влада, прашајте ги нив, истакна Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања.