И без да се зголеми цената на струјата – со ДДВ-то од 10 % ќе пораснат сметките на граѓаните, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во интервју за Телма.
„Јас вчера чув за оваа мерка која што се планира да се донесе. Значи и понатака ќе има повластена стапка на ДДВ, наместо 18 ќе биде 10 проценти. РКЕ и да не донесе промена на цената на електричната енергија само врз основа на ДДВ ќе се зголеми трошокот на граѓаните за електрична енергија. Мислам дека ќе треба да разгледаме и ние, да ни се даде малку простор и за други покретативни решенија со цел да се избегне зголемување на вкупниот трошок за електрична енергија заради ДДВ-то кој што би го имале пред се домаќинствата. Треба да застанеме малку да ја нагазиме топката да размислиме дали имаме потреба од зголемување на цена на електрична енергија, тука пред се зборувам за домаќинствата. Треба да застанеме малку да видиме каква ќе биде состојбата во 2023, па потоа да разгледуваме дали воопшто имаме потреба да носиме промена на ценатата на електричната енергија“,вели Бислимовски.
Tој ги обвини општините дека треба да ја подобрат ефикасноста во работењето, а не постојано да бараат помош, додавајќи дека општините за да плаќаат пониски сметки за струја на несоодветен начин се префрлиле на регулиран пазар од каде се снабдуваат граѓаните.
„Јас разбирам дека општините имаат неколкукратно зголемени трошоци, дека јавните комунални претпријатија се соочуваат со реален проблем . Нивните трошоци за струја во некои месеци да бидат повисоки отколку што би ги наплатиле од домаќинставата и од индистриските потрошувачи за давање на водни услуги, ама за жал не чув ниту еден предлог од овие јавни комунални претпријатија како тие би ја подобриле својата ефикасност за работа. Дистрибиција на електрична енергија во држвата прави компанија Електродистрибуција , таа има некаде околу 1 750 вработени , во три – четири најголеми града во државата водоводните претпријатија имаат преку три илјади вработени, не бива таа работа така. Значи секој треба да си ја подобри ефикасноста. Не може да имаме 65 отсто загуби на вода, кој е тој бизнис вие да произведете сто единици од нешто и 65 да ви пропаднат . Не можеме да бараме само помош, а да не се поправи ефиксноста на работата“, потенцира претседателот на РКЕ.