понеделник, април 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Бислимоски: Со воведувањето на евтината дневна тарифа, ќе станеме земја со најевтина цена на струја во Европа

    Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски изјави дека во моментов Северна Македонија ја има втора најевтина струја во Европа, односно поскапи сме само од Србија.

    „Кога ќе се воведе евтината дневна тарифа, сигурен сум дека ќе имаме најевтина цена на електрична енергија за домаќинствата во Европа. Не може да најдете друга земја која се обидува на ваков начин да им помогне на граѓаните. Најмногу ќе им биде потребна на граѓаните кога ќе почне грејната сезона од есеноска. Со тоа испраќаме сигнали до ЕСМ и ЕВН Хоум да купуваат електрична енергија во периодите кога е најевтина“, изјави Бислимоски на ТВ Сител.

    Тој објасни дека во 2012 година евтината тарифа беше укината по нарачка на тогашната влада. Бислимоски рече дека во моментов Црна Гора и Србија ги мотивираат оние што трошат помалку струја.

    „Тие што ќе потрошат повеќе, ќе добијат помалку на сметката, но тоа го прави универзалниот снабдувач. Не може РКЕ да одлучува бидејќи нема законска надлежност. Во Србија и Црна Гора таму двете компании се државни и тоа се нивни мерки со кои што се обидуваат да си го зголемат процентот на наплата и да го зголемат штедењето“, рече  Бислимоски.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ