Марко Бислимоски доби втор мандат како претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги (РКЕ). Тој на денешното продолжение на 120. собраниска седница ја доби поддршката на пратениците.
За членови на ова тело беа избрани Александар Чаботарев, Фатон Амбари и Мерита Дема.
Бислимоски е на чело на РКЕ од 2018 година. Тој е магистер по електротехника
Пратениците од опозицијата искажаа незадоволство од кандидатите предложени за претседател и членови на Регулаторната комисија. Според нив правичната застапеност во Комисијата е нарушена, бидејќи речиси половина од вработените се Македонци и Албанци, а нема ниту еден припадник на други заедници.
Мандатот на претседателот на РКЕ трае пет години.