понеделник, април 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Бислимоски: Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември во периодот од 13 часот до 15 часот

    Енергетската криза го зголеми темпото на енергетска транзиција и инвестиции во обновливи извори со што се намали значајно цената на електрична енергија преку ден и се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски на трилатералниот состанок на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Советот на европските регулатори за енергетика.

    – Дневната евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина. Нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори, истакна Бислимоски.

    Посочи дека во време на енергетска криза за 20 проценти во земјава е зголемен инсталираниот капацитет, а стравот од високи сметки, се покажал како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој дал резултат со што се намалила увозната зависност и од традиционалните нотирани 30 проценти увоз на електрична енергија, процентот се преполовил и сега изнесува 15 проценти во првите неколку месеци од годинава.

    – Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно, посочи Бислимоски.

    Претседателот на МЕДРЕГ Абделатив Бардах алармирал дека е неопходно земјите да работат на инклузивен пристап на енергенси кон крајните потрошувачи, а реформите во енергетскиот сектор да продолжат без оглед на геополитичките случувања.

    Бислимоски, како што информираа од РКЕ, ја презентирал иницијативата со која ранливите категории треба да добиваат повисока помош за сметките за топлинска и електрична енергија.

    – Субвенциите ги намалија значајно сметките за електрична и топлинска енергија и овој бенфит е за сите граѓани, но сега треба да се зајакне механизмот кон ранливите категории и да добиваат поголема финансиска помош за сметките, рекол Бислимоски.

    РКЕ неодамна на 35-тото генерално собрание стана полноправен член на МЕДРЕГ, која обединува 27 земји членки кои припаѓаат географски на медитеранскиот регион.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ