сабота, јули 31, 2021
spot_img
Повеќе

    Бензинот ја надмина цената од 70 денари за литар

    Бензинот од 98 октани од ноќеска на полоќ ќе се продава за 71,5 денари за литар, а бензинот од 95 октани за 69,5 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денар/литар, најави Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

    Регулаторна комисија информира дека по полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

    Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95   – 69,50 (денари/литар)
    Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98    – 71,50 (денари/литар)
    Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)   – 62,00 (денари/литар)
    Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1 – 62,00 (денари/литар)
    Мазут М-1 НС 36,009 (денари/килограм)

    Од РКЕ информираат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,681 отсто  дизелот за 1,934 проценти, екстра лесното масло за 1,962 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 2,07 проценти. Во истиот период, курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,724 отсто.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја