четврток, декември 1, 2022
spot_img
Повеќе

    Бензините поскапуваат за 1,5, а дизелот поевтинува за еден денар

    Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денари за литар, а дизелот поевтинува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 отсто.

    Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 92 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 94, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 86, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 84 денари за литар.

    Со одлуката на РКЕ за 0,258 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 52,436 денари.

    Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините во просек за 1,334 отсто и намалените кај дизелот во просек за 1,84 отсто, како и за околу 0,307 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја