петок, мај 17, 2024
spot_img
Повеќе

    Бензините поскапуваат од половина до еден денар, а дизелот за 1,5 денари

    Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) од вечер на полноќ  малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денар/литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денар/литар. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 63,50 ден/литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 65,00 денари по литар.

    Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54,50 ден/литар.

    Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,458 денари и ќе изнесува 34,342 денари за килограм.

    – Во изминатите седум дена цената на нафтата на светските берзи e порасната за 10 отсто, а тоа се должи на заздравувањето на глобалната економија и најавата за нов стимулативен пакет во Америка кој има позитивен ефект врз побарувачката на суровата нафта. Цените на нафтата се во пораст од ноември минатата година, од кога започна вакцинирањето на населението против Ковид-19. Истовремено друг фактор кој влијае на растот на цените е тоа што водечките светски производители ги намалуваат испораките од сурова нафта за 7,2 милиони барели на ден од почетокот на оваа година, според договорот меѓу Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија. Во прилог на зголемувањето на цените влијае и одлуката на Саудиска Арабија, најголемиот извозник, еднострано да ги намали испораките од сурова нафта во февруари и март, за дополнителни еден милион барели на ден , изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ