сабота, февруари 4, 2023
spot_img
Повеќе

    Бензините поевтинуваат, цените на дизелот остануваат исти

    Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ поевтинуваат за 2,00 денара по литар, а малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси.

    Нова цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 81,00 за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 83,50 денари.

    Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и натаму ќе се продава за 84,50 денари, Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 81,50 денари, а килограм Мазут М-1 НС за 42,171 денари.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја