петок, август 19, 2022
spot_img
Повеќе

    Бензините од ноќеска ќе поевтинат за денар, дизелот за денар и пол

    Од ноќеска цената на бензините се намалува за еден денар за литар, додека дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство ќе се продаваат за денар и половина поевтино. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука, со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89 отсто, информираат од РКЕВУ.

    Со најновото поевтинување, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 95,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 98 денари за литар. Од ноќеска еден литар Еуродизел БС на бензинските пумпи ќе може да се набави за 96 денари, додека екстра-лесното масло за домаќинство ќе чини 94,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,374 денари за килограм и ќе изнесува 52,840 ден/кг.

    Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,383 отсто.

    Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,050 отсто, кај дизелот за 1,596 отсто, кај екстра лесното масло за 1,569 отсто и кај мазутот зголемување за 1,311 отсто.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја