петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Бектеши: Товарот од енергетската криза нема да биде на грбот на граѓаните

    Граѓаните да бидат мирни и спокојни за цената на струјата, владата се грижи, товарот од енергетската криза нема да биде на грбот на граѓаните. Ќе биде обезбедено 24 часа снабдување со електрична енергија и редовно снабдување со топлинска енергија до крајот на грејната сезона во градот Скопје, а нема да има ни зголемување на цената на топлинската енергија. Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24.

    Бектеши рече дека ДДВ-то ќе се зголеми за 10%.

    – Точна е информацијата дека ДДВ-то ќе се зголеми на 10%. И мора да ги известиме граѓаните дека 5%о беа како мерка од владата се со цел справување со енергетската криза и сега веќе согласно новите пресметки има простор тоа да се врати на 10%, а да нема импакт на цената на електрична енергија и за домаќинствата и за малите потрошувачи. Речиси сите капацитети на државата се моментално во функција. Сето тоа ни дава простор да направиме дополнителни пресметки како енергетски тим и во текот на утрешниот ден ќе имаме состаноци каде ќе одлучиме за цените кои треба ЕСМ да ги понуди кон универзалниот снабдувач во овој случај ЕВН Хоум кон електродистрибуција и кон МЕПСО – кажа Бектеши.

    Според министерот со новите блок-тарифи кои беа воведени е правичен и правилен пристап кон справување со енергетската криза и посебно за начинот на кој товарот да не биде целосно кон тие кои најмногу имаат потреба како држава.

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ