четврток, февруари 22, 2024
spot_img
Повеќе

    Бектеши: Струјата нема да поскапи, цената останува иста и по 1 јануари

    Струјата нема да поскапи, ниту по 1 јануари, рече денеска министерот за економија. Според него, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе може да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба.

    Бектеши информира дека постапката за избор е почната и кон почетокот на наредната година ќе има нов универзален снабдувач.

    -Никако нема да има повисока цена на струјата, имајќи предевид дека тоа е предвидено со Законот за енергетика. РКЕ согласно законското решение има обврска да направи надзор и да утврди дали се пресметките направени како што треба. Со последните измени на Законот за енергетика граѓаните знаат дека воведовме универзален снабдувач на кој рокот му истекува наредната година, а постапката за избор на нов е почната. Кон почетокот на наредната година ќе имаме нов универзален снабдувач, се надеваме ќе бидат со пониски маржи согласно конкуренцијата што ја имаме. Истиот тарифен систем ќе биде од 1 јануари, а надзор прави РКЕ. Согласно став 5 од членот 10 ќе има право РКЕ да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба. Кога зборувваме за монопол, ние сами сме одлучиле да имаме регулирана цена во делот на електричната енергија со цел да ги заштитиме домаќинствата и малите потрошувачи. Спротивното ќе беше да одиме на берза и да имаме пазарни цени кои моментно се двојно повисоки од цената што ја нуди ЕСМ, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.

    Како што изјави Бектеши по Самитот за женско претприемништво, моментно се прават анализи од РКЕ и надлежните институции, во делот на блоковите.

    -Не, цената на електричната енергија нема да се зголеми, ниту во блоковите, ниту во целина. Моментно се прават анализи од РКЕ и надлежните институции, во делот на блоковите зашто сакаме што повеќе да ги заштитме ранливите категории граѓани, нагласи Бектеши.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ