вторник, март 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Бектеши: Повлечените 1 700 мегавати главно се од снабдувачите кои ги обезбедуваат компаниите на слободниот пазар

    Точни се информациите дека има влечење на електрична енергија од Европската енергетска асоцијација, но тоа во најголем дел е од снабдувачите за компаниите на слободниот пазар, потврди министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

    „Овие повлекувања не се сите од страна на ЕСМ. Повлекувањата може да се направат и од тие снабдувачи на електрична енергија кои ги обезбедуваат компаниите што се на слободниот пазар поради проекциите кои не ги направиле навремено или, пак, проекциите кои заради времето или други околности може да се случат. Овие 1 700 мегават-часа повлекување се само во недела и повеќето не се од ЕСМ, туку се главно од снабдувачите што ги обезбедуваат компаниите на слободниот пазар“, истакна министерот одговарајќи на новинарско прашање.

    На прашањето зошто повлекувањата на струја од Европската енергетска асоцијација не се дел од дневните извештаи на Владата за произведена електрична енергија, Бектеши објасни дека тие податоци кој трговец со струја или снабдувач повлекол одредени количини електрична енергија од мрежата може да се утврдат еднаш месечно или еднаш во два месеца. Поради тоа е невозможно на дневна база да се види која компанија влечела европска струја, и затоа немало податоци за оваа операција во извештајот што го подготвува Владата, посочи министерот за економија Крешник Бектеши. Тој потврди дека во неделата од ЕНЦОЕ биле повлечени 1.700 мегаватчасови електрична енергија, но тоа во најголем дел биле компании кои набавуваат струја на слободниот пазар за своите клиенти.

    ЕСМ во глобала не увезува струја, дециден е министерот.

    „По денешниот состанок со директорот на ЕСМ, може да ве уверам оти сега во државава не се увезува електрична енергија за потребите на регулираниот пазар каде што се домаќинствата и малите потрошувачи“ рече Бектеши.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ