четврток, мај 2, 2024
spot_img
Повеќе

    Бектеши: Очекувам помала профитна маржа за струјата за домаќинства

    Министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг со медиумите рече дека очекува на новиот распишан тендер за избор на универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи да се избере конкурент со помала профитна маржа. На тој начин би можела да се намали цената на струјата на регулираниот пазар.

    Актуелен универзален снабдувач е ЕВН Хоме, а наскоро ќе има нов повик за следните пет години.

    – Станува збор за конкуренција за профитна маржа која ќе ја има во следните пет години, а моменталната маржа е 11 и нешто отсто, согласно тендерот што беше пред пет години. Во наредната година јас сум убеден дека ќе биде под 11 отсто, рече Бектеши.

    Министерот дополни дека во моментов Владата и МАНУ ги креираат правилата за новиот тендер, но дека за повикот има време од три месеци.

    – Генералниот секретаријат на Владата има формирано комисија, работат на спецификацијата на тендерската документација. Има вклучено и членови од Академијата. Мислам дека претседател е член на МАНУ и имаат рок повеќе од три месеци да ја завршат постапката, дополни Бектеши.

    (Faktor.mk)

    НАЈНОВИ ВЕСТИ