вторник, март 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Бектеши на форум во Тирана: Ќе се воведат блок тарифи, за да ги стимулираме потрошувачите да штедат струја

    Министерот за економија потенцира дека Северна Македонија почна процес на олеснување на процедурите за инвестиции во обновливи извори на енергија, вклучително и ветерна и сончева

     

    Северна Македонија презема низа мерки за справување со енергетската криза, како времени мерки (кои имаат за цел да го намалат негативното влијание, особено за социјалните случаи), мерки за зголемување на производството на електрична енергија од домашни извори, но и во однос на цената на струјата за домаќинствата, нагласи министерот за економија, Крешник Бектеши, во своето обраќање на Тирана економскиот форум.

    Бектеши, кој говореше на панел дискусијата насловена „Енергетската политика во Албанија-Постигнување на енергетска независност и издржливост во енергетската криза”, истакна дека во финална фаза се реформите во делот на тарифите за електрична енергија, со поставување тарифни блокови, а со цел да се стимулираат потрошувачите да штедат струја во време на криза

    „Направивме реформи во делот на тарифите за електрична енергија, така што ќе се воведат блок тарифи, за да ги стимулираме потрошувачите да штедат електрична енергија“, рече Бектеши.

    Тој потенцира дека Северна Македонија почна процес на олеснување на процедурите за инвестиции во обновливи извори на енергија, вклучително и ветерна и сончева енергија.

    „Северна Македонија почна да ги олеснува процедурите за инвестиции во обновливи извори на енергија, вклучително и ветер и сончева енергија, така што секое домаќинство да има можност да инвестира во сопствени фотоволтаични панели“, рече Бектеши.

    Со олеснетите мерки, како што додаде министерот, ќе се зголеми инсталацискиот  капацитет на електрична енергија од сонцето.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ