вторник, март 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Бектеши: Ја следиме ЕУ во санкциите кон Русија, нафта и нафтени деривати ќе има доволно

    Политика на Владата е да ги следи санкциите што ги воведува како Европската Унија, но недостиг на нафта и нафтени деривати не може да се случи по најновата одлука на Европската комисија да се забрани увоз на руско дизел-гориво затоа што зависноста од руска нафта нема големо влијание во земјава, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

    „Согласно податоците што ги добиваме од Регулаторната комисија за енергетика, во делот на потрошувачката и во делот на компаниите кои имаат лиценца за трговија и на големо и на мало, во нашата држава последните неколку години не повеќе од 20 отсто е користена нафта која доаѓа од руски рафинерии, главно од една компанија која има и бензински пумпи кај нас. Другиот дел речиси целосно е увезена од ‘Хеленик петролеум’ која согласно нашите податоци не користи многу руска нафта, користи главно од други извори. Што значи нема да има големо влијание во нашата држава“, рече Бектеши.

    „Тие 15 до 20 отсто можат да се покриваат и од други извори на снабдување. Не може да се случи недостиг на нафта и нафтени деривати. Сепак, околу евентуалното зголемување на цената може да кажам дека нивната цена е берзанска, а Владата може да влијае само во делот на давачките – акциза, ДДВ и други давачки“, прецизира Бектеши.

    Министерот нагласи дека очекуваат Министерството за надворешни работи да даде препорака до Владата за воведување санкции согласно одлуката на Европската комисија.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ