сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Бектеши чека УЈП и Финансова полиција да ги гонат фирмите кои со „шема“ користеле поевтина струја

    Универзалниот снабдувач со електрична енергија „ЕВН хоум“ има обврска, согласно одлука од страна на Владата, од 1 декември да ги исклучи од регулиран пазар оние компании и јавни комунални претпријатија кои го прекршиле Законот за енергетика и бесправно се префрлиле од отворен на регулиран пазар на електрична енергија, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

    „Уште во март како Влада и Министерство за економија заедно со Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги информиравме Управата за јавни приходи (УЈП) и Финансиската полиција за злоупотребите што ги прават институциите и компаниите кои се префрлаат од отворен на регулиран пазар на електрична енергија“ додава Бектеши.

    „Очекувам и двете институции да постапат согласно законите, а за да не оставиме да направат дополнителна штета веќе е донесена одлука од страна на Владата со која му е дадена обврска на универзалниот снабдувач ЕВН хоум од 1 декември да ги исклучи од регулираниот пазар и веднаш да ги префрли на отворен пазар сите кои го прекршиле Законот за енергетика и бесправно се префрлиле од отворен на регулиран пазар на електрична енергија“ изјави Бектеши.

    Тој посочи дека станува збор за стотина субјекти, приватни компании и јавни комунални претпријатија, кои се префрлите од отворен на регулиран пазар.

    Според него, во Законот за енергетика не е наведено децидно дека подружница отворена од комапнија не може да ја преземе одговорноста во делот на плаќање на фактури за електрична енергија.

    „Но, во делот на плаќање на ДДВ мислам дека има злоупотреба и за ова се знае кои се одговорни инстутуции и кои треба да ги направат соодветните контроли. На регулираниот пазар имаме стапка на ДДВ од 5 отсто, а во слободниот пазар е од 18 отсто“ нагласи министерот Бектеши.

    Делот во разликата на ДДВ, како што кажа, негативно ќе влијае во пресметките што ги прави РКЕ за одредување на цената на електричната енергија по 1 јануари на регулираниот пазар, а со тоа и на сметките што ги плаќаат граѓаните.

    Преминувањето од слободениот на регулираниот пазар, како што посочи Бектеши, почнало првично од страна на општините, а потоа тоа го направиле и одредени компании

    Случајот со големи фирми кои преку „шема“  незакоснки користат струја од регулираниот пазар беше објавен пред неколку дена. Големи фирми сè уште се снабдуваат со поевтина електрична енергија, која според законот не им следува, користејќи „шема“ преку отворање на мали фирми „ќерки“ со до 20 вработени и со закупување на нивното броило.

    На регулираниот пазар на електрична енергија се домаќинствата и малите и микро компаниите, но не плаќаат иста цена. Домаќинствата плаќаат една, а малите и мирко фирмите друга цена, која сепак е помала во однос на онаа од слободниот пазар каде со електрична енергија се снабдуваат големите фирми.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ