вторник, март 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Азески :Струјата ќе нè дрма повеќе од очекуваното

    Генерално, кризата ги погоди сите земји, не само во регионот, туку и во светот. Секоја на свој начин се обидува да се справува со предизвиците, но она што е многу важно е дека секоја од земјите во регионот има и различна почетна позиција од аспект на сопствените суровини, домашната поддршка, изворите на енергија, на деловните односи со одредени големи светски економии итн. Значи, секоја планина носи своја тежина. Во тој контекст, ние во регионот на Западен Балкан сме во нерамноправна положба, па конкурентноста на македонските компании е значително влошена, вели во интервју за весникот Вeчер, првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески, кој од самиот почеток кажа дека оваа криза е продолжение од онаа која започна во 2008 година и која, практично, никогаш и не заврши.

    „Здравствената криза се претвори во финансиска, па во ликвидносна. Во 2021 година следуваше енергетската криза, во која проблем не беше недостигот од енергија, туку цената по која таа треба да се плати. Повеќепати јавно алармиравме дека како увозно зависна земја (компаниите кои го креираат домашниот бруто-производ струјата сами ја купуваат на берзата во Будимпешта) струјата ќе нè дрма повеќе од очекуваното. Неминовно, тоа водеше кон нова криза, која сега во оваа 2022 година се отсликува како состојба во која царува инфлацијата, цените во малопродажбата растат, а компаниите се борат со конкурентноста и за опстојување на пазарот“, вели Азески.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ