сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Андонов: ЕСМ во првите 15 дена од стартот на грејна сезона ги задоволи 100% потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи

    Соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Виктор Андонов на денешната прес-конференција ги соопшти последните информации кои се однесуваат на енергетската состојба во земјата.

    Андонов ги презентираше податоците за направениот пресек од 15 дена, од 15.10.2022 заклучно со 31.10.2022 година и информираше дека за овој период, произведени се вкупно 199.830 мегават часови.

    Во истиот овој период продадени се 600 мегават часови вишоци. Со ова, како што подвлече, со домашно производство на електрична енергија во периодот од 15.10.2022 до 31.10.2022 година, 100% се покриени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

    Соработникот за енергетика информираше дека дополнително, заклучно со крајот на октомври 2022 година, ЕСМ не само што го реализираше својот предвиден план за производство на електрична енергија, туку произведен е и некој гигават час на електрична енергија повеќе од предвиденото.

    На денешната прес-конференција соработникот за енергетика упати апел до граѓаните да бидат спокојни, бидејќи финансиските средства се обезбедени, ликвидноста на АД ЕСМ е осигурана и струја ќе има за сите во текот на оваа зима.

    На прашањето дали и како ќе се санкционираат фирмите кои се префрлија на регулираниот пазар, Андонов истакна дека трендот на ваквите злоупотреби во текот на изминатата година за прв пат беше нотиран токму од државните институции, односно од страна на Регулаторната комисија за енергетика, и со овој тренд ќе се справуваат институциите преку соодветни мерки со кои би се спречила евентуалната злоупотреба на електричната енергија, за што јавноста најтранспарентно ќе биде информирана.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ