среда, мај 1, 2024
spot_img
Повеќе

    Албанија ќе започне аукција за соларен фотоволтаичен парк од 100 MW близу Драч

    Албанија ќе започне со третата аукција за изградба на соларен фотоволтаичен парк, со планиран капацитет од 100 MW, објавија локалните медиуми.

    Тоа би била трета аукција за големи соларни централи во Албанија. Во август, Албанија потпиша договор за 140 MW проект на изградба на фотоволтаична централа кај Караваста со интернационалната компанија за производство на фотоволтаични централи “Волталија“ со седиште во Париз, која ќе биде најголемата фотонапонска централа од ваков вид во Југоисточна Европа. Првата аукција за фотоволтаична централа сместена близу базените за производство на сол кај местото Акерни беше во мирување скоро две години, откако конзорциумот „Индија пауер“ ја даде најдобрата понуда на првата аукција во Албанија.

    Министерството за инфраструктура и енергија ќе ја отвори аукцијата за изградба на соларен парк во областа Спиталс близу Драч, со инсталиран капацитет од 100 мегавати, рече министерката Белинда Балуку.

    Правилата за аукција ќе бидат слични на конкуренцијата за соларниот парк Караваста. Државата ќе плати привилегирана цена за производството од 50 MW, додека остатокот ќе се продава на пазарот.

    Цената постигната на аукција за Караваста е најниската цена на сончевата енергија на Балканот. Волталија понуди продажба на електрична енергија за само 24,89 евра за MWh, додека властите во земјата соопштија дека ќе се согласат на фиксната цена за половина од 140 MW за 15 години, додека договорот е за 30 години.

    На првата аукција, за проектот Акерни, конзорциумот „Индија Пауерс“ понуди 59,9 ЕУР за MWh за половина од планираните 100 MW. Волтаија исто така учествуваше и на оваа аукција.

    Албанија и Северна Македонија се единствените земји во регионот што организираат аукции за енергетски проекти од обновливи извори.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ