вторник, март 19, 2024
spot_img
Повеќе

    АД ЕСМ обезбеди гас за топланите Исток и Запад за до крајот на ноември

    АД ЕСМ ја обезбеди потребната количина природен гас за работење на топланите Исток и Запад за периодот 16-30 ноември 2022г. Гасот е обезбен од Макпетрол по цена од 1345 евра за 1000 нм3, соопшти компанијата.

    АД ЕСМ, како што се наведува, и натаму ќе продолжи да врши набавки на гас за покуси временски периоди со цел да се искористи финансиската поволност од континуираното намалување на цената на гасот на пазарот.

    -Како што и претходно информиравме, топланите ќе продолжат да работат на природен гас во текот на грејната сезона како основен и најеколошки енергенс за нивно функционирање. Во меѓувреме, системот технички се подготвува за тестирање за користење на алтернативно гориво дизел, како резервно решение за во случаи во кои поради геополитички случувања во Европа гасот би станал недостапен на пазарот или би достигнал екстремно високи цени. Тестирањето ќе се врши по обезбедување на сите соодветни дозволи од надлежните институции и почитување на приписите за постапката, се наведува во соопштението од АД Електрани на Северна Македонија.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ