вторник, април 30, 2024
spot_img
Повеќе

    Бежоска: Не гледам пречка за плаќање на рускиот гас во рубљи

    Гувернерката на Народната банка вели дека се направени потребните измени на регулативата

     

    Можат да се прават трансакции во рубљи за плаќање на рускиот природен гас ако е тоа потребно, смета гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска–Бежоска.

    „Сите предуслови се создадени и не гледам дека треба да има некоја пречка за плаќање на начин на које потребно, рече Ангеловска-Бежоска, одговарајќи на прашање, на денешната прес-конференција,  дали домашните институции се подготвени да плаќаат природен гас во руски рубљи.

    Гувернерката посочи дека не постојат никакви регулаторни пречки за редовна достава и плаќање на гасот.

    „Се што беше до Централната банка како регулатива веќе е подготвено. Во текот на минатиот месец направена е измена и компаниите кои се увозници на гас немаат никаква пречка во делот на навременото снабдување“, рече Бежоска.

    „Гаспром“ ја запира испораката на гас и во Бугарија

    НАЈНОВИ ВЕСТИ