четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    „Гаспром“ ја запира испораката на гас и во Бугарија

    Руската државна компанија Гаспром од 27 април ја сопира испораката на природен гас за Бугарија, соопштено е од Министерството за енергетика во Бугарија.

    „Денеска, 26 април, Булгаргаз ЕАД доби известување дека испораките на природен гас од Гаспром експорт ќе бидат суспендирани – од 27 април 2022 година. Бугарската страна целосно ги исполни своите обврски и ги изврши сите плаќања, предвидени со овој договор. навремено, строго и во согласност со неговите клаузули“ стои во официјалното соопштение.

    Како што се додава, Министерството за енергетика, бугарскиот енергетски холдинг, Булгаргаз и Булгартрансгаз презеле чекори за да направат алтернативни аранжмани за снабдување со природен гас и да се справат со ситуацијата. Во моментов во Бугарија не се потребни рестриктивни мерки за потрошувачка.

    Прекинот е поради неприфаќањето на одлуката на Путин, гасот да се плаќа во рубљи наместо во долари и евра. Бугарските власти оцениле дека плаќањето во рубљи е спротивно на договорот потпишан со Газпром и е ризичен потег.

    Претходно денеска беше најавено дека Гаспорм ќе ја прекине сипораката на гас во Полска што беше потврдено и од полскиот премиер.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ