Домашното производство учествува со над 81 процент во потрошувачката на електрична енергија во седмиот месец од оваа година
Бруто-домашното производство на електрична енергија во јули годинава учествува со 81,4 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,91 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен, истиот месец, се употребени за производство на електрична енергија, според податоците на Државниот завод за статистика.
Во јули 2021 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 602 525 МWh електрична енергија, 34.819 мил. нм3 природен гас, 354 361 тони јаглен и 109 198 тони нафтени продукти, соопшти ДЗС.