четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Струја од домашно производство најмногу се трошела во јули

    Домашното производство учествува со над 81 процент во потрошувачката на електрична енергија во седмиот месец од оваа година

     

    Бруто-домашното производство на електрична енергија во јули годинава учествува со 81,4 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,91 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен, истиот месец, се употребени за производство на електрична енергија, според податоците на Државниот завод за статистика.

    Во јули 2021 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 602 525 МWh електрична енергија, 34.819 мил. нм3 природен гас, 354 361 тони јаглен и 109 198 тони нафтени продукти, соопшти ДЗС.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ