понеделник, април 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Не верувам дека со политичка одлука може да се спречи поевтина струја за граѓаните, вели првиот човек на ЕДС

    Целосно сме подготвени да учествуваме на тендерот за универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, имаме конкурентна понуда, со пониска маржа и очекуваме транспарентна постапка. Изборот на нашата компанија за универзален снабдувач ќе донесе нов квалитет на пазарот и ќе значи сериозна придобивка за домаќинствата. Не сакаме да веруваме дека со политичка одлука може да се спречи поевтина струја за граѓаните, вели Милтиадес Бабилис, првиот човек на ЕДС во интервју за порталот Фактор.

    „Согласно законите за јавни набавки и енергетика зад ЕДС стои корпоративниот углед, но и активата на ППЦ. Како што говорев, станува збор за релативно млад пазар кој што се уште се соочува со почетни предизвици, но очекуваме дека целата постапка за избор на нов универзален снабдувач за домаќинствата и малите потрошувачи ќе биде транспарентно спроведена, со почитување на начелата за фер конкуренција и дека ќе биде донесена одлука од која што најголема придобивка ќе имаат граѓаните. И токму она што е најголем интерес на граѓаните, го имавме ние како компанија предвид при подготовката за овој повик. Јавноста треба да знае дека нашата понуда ќе биде многу конкурентна и значително пониска маржа.  Не сакаме да веруваме дека со политичка одлука може да се спречува поевтина струја за граѓаните“, изјави Бабилис по инфомациите кои се појавија во јавноста дека Владата одлучила тендерот повторно да го добие ЕВН.

    Како компанија, вели Бабилис, успеале успешно да одговорат на предизвиците од минатата година, работат посветено во насока на испорачување врвни услуги за  клиентите, но во фокусот на амбициите на компанијата за наредниот период е повикот за универзален снабдувач.

    „Во фокусот на нашите амбиции за наредниот период е повикот за универзален снабдувач бидејќи сме уверени дека изборот на нашата компанија ќе донесе нов квалитет на пазарот и ќе значи сериозна придобивка за субјектите, односно домаќинствата и малите потрошувачи, кои се снабдуваат со електрична енергија на регулираниот пазар“, изјави Бабилис.

    Без да звучам претенциозно, вели Бабилис,  важно е да се знае дека ЕДС на одреден начин ги субвенционира дел од државните и општински институции, но и целата економија. Токму долговите на струја од страна на јавните претпријатија само кон ЕДС изнесуваат неколку милиони евра. Од компанијата велат дека имаат  доволна финансиска моќ да ги заштитат сите останати клиенти кои редовно ги подмируваат своите обврски, секако со поддршка на ППЦ, но апелираат за еднаков третман за сите снабдувачи на електрична енергија.

    „Во справувањето со овие проблеми, ЕДС секогаш тежнее да обезбеди соработка со јавните институции и бараме начин да им излеземе пресрет, но секогаш инсистирајќи на взаемна почит. Секако, во една прилика апелиравме до Владата за еднаков третман на сите снабдувачи со електрична енергија бидејќи сведоци сме дека државата интервенираше во повеќе наврати кога јавни институции должеа кон ЕВН, но слична интервенција изостанува кога станува збор за долгови на ист таков вид на претпријатија кон нас или пак кон некој друг од снабдувачите со електрична енергија на слободниот пазар“, изјави Бабилис.

    Првиот човек на ЕДС во однос на цените на електичната енергија вели дека енергетскиот пазар е променлив и на него влијаат повеќе фактори, но дека анализите говорат за ниво на оптимизам во однос на цените на гасот и електричната енергија во текот на зимата 2023/2024 година.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ