сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Северна Македонија се приклучува на енергетскиот проект Александропулис

    Северна Македонија се вклучва во изградбата на терминалот за течен природен гас во близина на Александропулос. Интерсот од македонската страна е изразен, а поддршка за проектот е добиена и од САД.

    Премиерот Зоран Заев, по денешната средба во Скопје со  помошникот државен секретар за енергетика на САД Францис Фанон истакна дека ова поврзување е значајно, бидејќи ќе обезбеди уште една можност за добивање гас од Азербејџан.

    -Со поддшка на САД како наш стратешки партнер и сојузник во НАТО, Северна Македонија во наредниот период ќе иницира неколку проекти кои ќе бидат значајни за земјата и регионот. Станува збор за вклучување на земјата во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александропулисс, проект кој создава можност за трајно и стабилно снабдување со гас нашата земја, која ќе стане и точка од каде гасот ќе се дистрибуира во регионот и земјите што ќе покажат интерес. Ова поврзување со Грција, со поддршка од САД и ЕУ, ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од ЈИЕ за алтерантивен пристап до значајни енергетски ресурси. Сето ова ја прави разликата што ја направивме за овие три години, изјави Заев.

    – За време на посетата во Атина добивме поддршка од конзорциумот Гастрејд за вклучување во изградба на терминалот за течен приорден гас во близина на Александропулос. Со овој проект се создава можност за трајно и стабилно снабдување со гас на нашата земја, која ќе стане и точка од каде гасот ќе се дистрибуира во регионот и земјите што ќе покажат интерес, рече Заев.

    Премиерот Заев соопшти дека изградбата на интерконекторот меѓу Северна Македонија и Грција чини 54,4 милиони евра, каде С.Македонија има 13 милиои грант од ЕУ преку Берлински процес, што опфаќа проектирање, изведба надзор, инспекциското тело и менаџментот.

    – Она што го гледаме овде е навистина трансформативно. Го гледаме развојот на еден нов енергетски развој. Грција е еден вид предводник во тоа со инфрастукра за прием на овие ресурси, но гледаме натаму со приклучоци на помали земји во еден поголем пазар што ќе овозможи трансформативен економски прогрес на земјата и целиот регион,истакна Фанон.

    Тој оцени дека Северна Македонија во овој проект е важна во однос на географијата како регионален центар и додаде дека ќе ги поттикнат американските инвестиции овде во Северна Македонија.

    – Геополитичите импликации се значителни, затоа што во моментов регионот има ефективно еден добавувач на енергија и кога било која било дражва е зависна само од еден снабдувач тоа влијае на начинот на кој државата може да ги реализира своите политики. САД има долгорочен интерес за безбедноста на енергетиката во однос на зависноста од енергија и многу години всушност од времето на претседателот Реган сака да промовира диверзификација на енергија и се создава еден таков круг на опции и се создава и пазар. Ако имате само еден извор немате пазар, туку зависност, истакна Фанон.

    Покрај учеството во овој проект, поддршка има и за повторно функционирање нафотоводот за што се водат разговори со Хеленик петролеум.

    – Раговаравме за повотнро ставање во функција на гасоводот Солун-Скопје кој е изграден во 2000 година и кој престана да работи од 2013. Претстојат преговори со Хеленик петролеиум и се надевам ќе изнајдеме пријателско решение за овој капцитет да биде ставен во функција брзо. Хеленик петролеум е заинтересирана да го стави во функција и да го надгради како продуктовод на деривати. На тој начин ќе биде создаден хабцентар и освен домашниот би се снабдувале и пазарите на другите земји од регинот, истакна Заев по средбата.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ