понеделник, април 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Блок 1 на РЕК „Битола“ исклучен од мрежа

    Првиот блок на РЕК „Битола“ во моментов е исклучен од мрежа, информираат денеска од „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ). Причината поради која блокот во моментов не е во функција, како што додаваат оттаму, е поради тоа што од утринава се прават сервисно-ремонтни активности на Блокот 1.

    Застојот на овој блок, посочуваат од ЕСМ, ќе трае во наредните 24 часа, а утре постројката ќе биде вратена со целосен капацитет на мрежа.

    „Снабдувањето со електрична енергија од останатите капацитети на АД ЕСМ продолжува непречено и компанијата не увезува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи“, наведува ЕСМ во соопштението.

    Во однос на домашното производство на струја, Владата информира дека во изминатото деноноќие се произведени 16 679 мегават-часа електрична енергија, што, како што додаваат оттаму, целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

    Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.500 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ