петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Се подготвува ново законско решение: Граѓаните ќе може да инсталираат фотоволтаични централи на крововите

    Законските измени ќе се најдат пред пратениците во текот на следниот квартал, најави премиерот Ковачевски

    Во изработка е ново законско решение со кое ќе се олеснат условите и поедностават постапките за инсталирање фотоволтаични централи на крововите, изјави премиерот Димитар Ковачевски во врска со новото законско решение за енергетика.

    „Тоа прво треба да ги олесни градежните процедури за изработка на централа. Ова законско решение ќе се најде пред пратениците во текот на следниот квартал”, рече Ковачевски.

    Министерството за финансии, како што најави, веќе работи на подзаконски акт за да може да се воведе категоријата на даночен застапник при што ќе се олесни на дистрибутерот на електрична енергија да може да ја презема и да издаде фактура за домаќинството коешто не е даночен обврзник.

    „Со тие решенија како и со зголемување на постојниот капацитет од 4 киловати на 6 киловати, колку што е предлогот, како и дуплирање на капацитетот за компаниите коишто сакаат да стават на своите покриви, ќе се олесни постапката, односно ќе имаме постапка која што ќе биде идентична со постапката и процедурите во западноевропските држави каде што најголемиот број од нас имале можност да видат дека во најголемиот дел од покривите се инсталирани фотоволтаични централи иако ние како држава имаме многу подобра сончева инсулација за разлика од западноевропските држави“, изјави Ковачевски.

     

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ