петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    РКЕ: За домаќинствата ќе се воведуваат блок тарифи во зависност од потрошувачката на електрична енергија

    При крај се анализите за најголемата измена на тарифниот систем за електрична енергија во последните 30 години и сигурно е дека ќе се воведат блок тарифи. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, на прес-конференција изјави дека во ниската тарифа ќе има само една цена, независно кој колку троши струја. Во високата, односно скапата тарифа, ќе има 3 или 4 блока и во нив ќе има различни цени.

    -За евтина тарифа потрошувачката ќе биде неограничена и нема да постојат блокови, а за највисокиот блок цената за домаќинствата ќе биде многу блиску до пазарната. Искуствата во регионот ни покажуваат дека ние ќе бидеме прва таква земја која што ќе примени блокови само за скапа тарифа, бидејќи сметаме дека евтината тарифа треба да остане без никакви ограничувања и домаќинствата да ја користат, бидејќи тоа му одговара и на нашиот електроенергетски систем имајќи во предвид дека во одредени периоди од годината во ноќните часови заради термо производството на регулираниот пазар имаме и вишоци на електрична енергија, рече Бислимоски.

    Нагласи дека 17 семејства во државата трошат 10 проценти од вкупната потрошувачка на домаќинствата.

    – Тоа е околу 330 милиони киловат часови или тоа е приближно 30 проценти од домашното производство од хидроелектраните во сопственост на ЕСМ. Седумнаесет домаќинства трошат 30 проценти од хидропроизводството. Немаме против да трошат, колку сакаат ќе трошат, но тие домаќинства со енормна потрошувачка ќе плаќаат цена блиску до пазарната, посочи Бислимоски.

    Новиот тарифник се очекува да стартува во јули заедно и со новиот ценовник на струја, за кој компаниите веќе доставуваат пресметки.

    Долгот што ги имаат снабдувачите кон МЕПСО, Реггулаторна нема да го признае како трошок  за формирање на новата цена

    НАЈНОВИ ВЕСТИ