сабота, октомври 5, 2024
spot_img
Повеќе

    „У ПОВЕР“ фирмата на синот на Муса Џафери повеќе не смее да тргува со струја

    „У Повер“ фирмата во која еден од сопствениците е синот на поранешниот вицепремиер Муса Џафери повеќе не смее да тргува со струја – избришана е од регистарот на учесници на пазарот со електрична енергија.

    Ова, како јавува “Телма” следува откако МЕПСО ја активираше банкараската гаранција и депозитот на компанијата од која до сега не може да наплати долг од вкупно 7,6 милиони евра. Тоа се фактури за  балансната струја на МЕПСО која ја користеше „У Повер“ за да не набавува електрична енергија за своите клиенти  од берзите каде цената на струјата беше и по неколку пати повисока. Компанијата заврши и на извршител, но бидејќи гаранцијата е помала од долгот, МЕПСО покренало и судска постапка. Гаранцијата на  „У Повер“ била  депозит од 587.000 евра и банкарска гаранција од 41.397 евра.

    Работењето на „У Повер“ беше ставено под лупа на јавноста и истражните органи откако Аријанит Џафери го нападна претседателот на РКЕ Марко Бислимоски откако  пак Регулаторна покрена постапка за одземање на лиценцата на компанијата.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ