вторник, март 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Почна изградбата на терминалот за течен природен гас во грчкиот град Александруполи

    Со свечена церемонија, денеска во грчкиот град Александруполи започна изградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ). На настанот присуствуваа премиерите на Грција, Бугарија и Северна Македонија, Кирјакос Мицотакис, Кирил Петков и Димитар Ковачевски, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и  претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

    Терминалот ќе претставува нова енергетска порта, која што ќе им помогне на Балканот и на Европа да бидат помалку зависни од рускиот гас. Во него ќе се складира течен гас кој со преработка ќе се испорачува во околните земји.

    Во гасниот терминал во Александропули, Северна Македонија ќе партиципира со 10 отсто, а уделот на сопственост во гасната централа е 25 отсто.

    Грчкиот премиер рече дека присуството на балканските лидери на манифестацијата го претставува единството на Балканот, но и дека „нашиот полуостров може да има свое место во стратегијата за енергетска транзиција на целиот континент“.

    Мицотакис истакна дека со овој, но и со други планирани проекти, набргу ќе може рускиот гас да се замени со други извори, а конкретните земји може да имаат клучна улога на новата енергетска мапа.

    Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел Мишел рече дека новиот терминал нема да помогне само во енергетската независност, туку ќе придонесе во долгорочните цели за климатските промени, а овој проект, смета тој, испраќа јасна порака дека ја земаме судбината во наши раце.

    Бугарскиот премиер Петков истакна дека е потребно земјите да работат заедно, потенцирајќи дека „економскиот притисок на Кремљ врз Бугарија и Европската унија нема да успеат“. Споменувајќи го денешниот настан како доказ за тоа, Петков додаде дека Грција и Бугарија со поддршка на европските институции ги поставуваат темелите за интерконекторот меѓу двете земји што „ќе ја смени енергетската мапа на Европа“.

    Српскиот претседател се осврна на потребата за взаемна соработка, нагласувајќи дека со поддршка на ЕУ ќе земјите од регионот ќе успеат да ги надминат сите тешкотии.

    Премиерот на С Македонија, Димитар Ковачевски порача дека изградбата на гасниот терминал во Александрополис е историски настан за регионот и проект за долгорочна енергетска независност и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време.

    Ковачевски рече дека гасниот терминал е од огромно значење за регионот од аспект на диверзификацијата на природниот гас и поголемата сигурност во снабдувањето со овој енергенс.

    – Северна Македонија, во овој проект учествува со договор за резервација за одреден капацитет за течен гас од Терминалот во  Александрополис. Во тек се и подготовките коишто ќе овозможат и наше директно вклучување во изградбата на гасоводот со што нашата земја ќе биде поврзана со овој значаен енергетски капацитет. Со интерконекторот во Грција, кој е во фаза на реализација, ја заокружуваме сета потребна инфраструктура за да се заврши и секундарната гасна мрежа која ќе го донесе гасот до граѓаните и стопанството во Северна Македонија, посочи Ковачевски, додавајќи дека користењето на нови извори на енергија и замена на јагленот со гас е еден од најважните стратешки интереси на Владата.

    По поздравните обраќања, премиерите на Бугарија и Грција го потпишаа Договорот за започнување на реализацијата на проектот.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ