вторник, март 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Истражувачка конференција: Обезбедување одржливи извори на енергија за справување со кризата

    Гувернерката на Народната банка рече дека е мошне значајно што банкарскиот систем дава поддршка и на зелената трансформација преку финансирање на проекти за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

     

    Зелената и дигитална трансформација можат да придонесат за градење посилни и поотпорни економии при шокови во иднина. Предизвиците со кои сега се соочуваат економиите во светот, најнапред здравствената, а годинава и енергетската криза и ценовните притисоци, покажуваат дека треба да се бараат нови решенија и да се размислува подолгорочно во однос на обезбедување одржливи извори на енергија и зголемување на производството на храна.

    Ова беше посочено на панелот „Градење поотпорни економии во контекст на постојаните шокови“ во рамки на 8.Истражувачка меѓународна конференција на Народната банка, организирана во соработка со Европската инвестициска банка.

    Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска посочи, меѓу другото, дека е мошне значајно што банкарскиот систем дава поддршка и на зелената трансформација преку финансирање на проекти за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Фокусот на носителите на политиките, понатаму рече гувернерката, треба да остане на спроведувањето на структурните реформи, бидејќи на долг рок само тие можат да направат промена во насока на зголемување на економскиот потенцијал.

    Министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека Владата има два приоритетa – справување со последиците од глобалната енергетска криза и ценовните притисоци, како и одржлив економски развој. Тој нагласи дека Владата презеде мерки во насока на ублажување на последиците од енергетската криза уште минатата година, како што е намалувањето на ДДВ за електрична енергија за домаќинствата, како и 10,6 милијарди денари поддршка на ЕСМ.

    Потпретседателката на ЕИБ Љиљана Павлова рече дека тековната криза ја поттикнува зелената транзиција кон практики за зелено управување и иновации погодни за климата. ЕИБ работи на составување пакет за отпорност за земјите надвор од ЕУ, одржливо земјоделство и забрзување на производството на обновлива енергија за поддршка на енергетската безбедност, посочи таа.

    На панелот учествуваа и гувернерoт на централнaта банка на Хрватска, Борис Вујичиќ, како и извршниот директор на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, Марио Холцнер.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ