среда, мај 8, 2024
spot_img
Повеќе

    Пожар во складиште за нафта во рускиот град Брјанск

    Станува збор за исклучително важен нафтовод што ја транспортира руската нафта во Европа, а засега нема индиции дека пожарот е поврзан со војната во Украина

     

    Голем пожар избувна во складиште за нафта во рускиот град Брјанск, пренесоа руски агенции, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.

    „Во 02:00 часот на 25 април 2022 година, оперативната дежурна смена на Главната дирекција на Министерството за вонредни ситуации на Русија за регионот Брјанск доби информација за пожар на адреса: Брјанск, во округот Фокински. На местото на повикот се испратени противпожарни и спасувачки екипи согласно зголемениот ранг на пожарот. По пристигнувањето, било констатирано дека има пожар на територијата на складиштето за нафта“, се наведува во објавата на веб-страницата на Министерството.

    Станува збор за исклучително важен нафтовод што ја транспортира руската нафта во Европа.

    Засега нема индиции дека пожарот е поврзан со војната во Украина.

    Градот Брјанск се наоѓа на околу 150 километри североисточно од украинската граница, а од Москва е оддалечен близу 380 километри.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ