вторник, март 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Заврши грејната сезона

    Во останатите денови до крај на април,  доколку има поладни денови, ќе се одлучува на дневно ниво дали ќе има греење, врз основа на прогноза од УХМР, велат од РКЕ

     

    Грејната сезона заврши денеска, а Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информира дека, доколку има поладни денови до крајот на месецов, на дневно ниво ќе се одлучува дали ќе има греење и тоа врз основа на прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи.

    „Согласно правилата за снабдување со топлинска енергија, заклучно со денеска (15 април) завршува редовната грејна сезона. Во останатите денови до крај на април,  со цел да им се овозможи комфор на граѓаните, доколку има поладни денови, ќе се одлучува на дневно ниво дали ќе има греење, врз основа на прогноза која УХМР ја доставува“, се вели во соопштението од РКЕ.

    Од РКЕ додаваат дека, доколку УХМР достави прогноза во која се предвидува средната надворешна температура за следниот ден да е помала или еднаква на 12 Целзиусови степени, топланите се должни да испорачуваат топлинска енергија до потрошувачите.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ