петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Ковачевски: И општините треба да штедат за надминување на состојбите со цените на струјата

    Доколку не е субвенционирањето, цената на електричната енергија за домаќинствата би била во просек  поголема за 2 150 денари месечно, вели премиерот

     

    Цената на електричната енергија секаде е покачена за четири до пет пати, а некаде и повеќе. Она што Владата го направи е: Прво –  зголемување на производството на електрична енергија во државата; Второ – при правењето на буџетот за 2022 година оставивме резерва во висина од 130 милиони евра за да може  да се обезбеди ликвидност на енергетските компании. Тука пред се мислам на ЕСМ, МЕПСО, меѓутоа и на ЕВН, како еден од големите играчи во индустријата без кои нема да имаме дистрибуција на електрична енергија, а се работи за приватна странска компанија која се покажа солидарна во оваа криза”, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски,  одговарајќи на новинарско прашање за покачувањето на цената на струјата.

    Ковачевски додаде дека Владата, исто така, ја субвенционира цената на електрична енергија за граѓаните.

    „Цената на електрична енергија за граѓаните се субвенционира во износ од околу 80 проценти. Доколку не е тоа субвенционирање, цената на електричната енергија што ја плаќаат граѓаните би била во просек  поголема за 2.150 денари месечно”, нагласи Ковачевски и рече дека истиот пример треба да го следат и општините, кои во време на криза треба и да штедат.

    „Во однос на општините тие исто така имаа можност да ги направат буџетите така како што го направивме државниот буџет со резерви за електрична енергија, со намалување на непродуктивни трошоци, бидејќи да не заборавиме државата ги намали тековните трошоци при планирањето на буџетот за 2022 година за 8%, а исто така со одлука на Влада се ограничени сите купувања на мебел, автомобили и така натаму што исто така влијае на намалување на несуштински трошоци. Трошоците за репрезентација се намалени за 50% и намален е бројот на службеници што патуваат во странство”, објасни премиерот Ковачевски.

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ