сабота, април 27, 2024
spot_img
Повеќе

    Путин бара „непријателските земји“ да плаќаат во рубљи за рускиот гас

    Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека Русија ќе прифати плаќања само во рубљи за испорака на гас за „непријателските земји“, кои ги вклучуваат сите членки на ЕУ, откако Москва беше погодена од невидени санкции поради нејзината инвазија Украина.

     

    – Русија отсега ќе прифаќа плаќање за извозениот природен гас во непријателските земји само во рубљи, изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната владина средба, која беше пренесувана во живо на телевизија.

     

    – Одлучив да воведам сет мерки за пренос на плаќањето за нашите испораки на гас до непријателските земји во руски рубљи, рече Путин. Тој им даде рок од една недела на Централната банка и на владата за да ја утврдат процедурата за операции за купување рубљи на домашниот пазар за увозниците.

     

    Путин додаде дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во согласност со обемот и принципите на цените на договорите. Ќе се промени само валутата на плаќање.

    Рускиот лидер објасни дека Русија планира да се откаже од сите „компромитирани“ валути во плаќањата. Тој додаде дека нелегитимните одлуки на голем број западни земји за замрзнување на средствата на Русија ја уништиле сета доверба во нивните валути.

    Германија во средата го критикуваше „раскинувањето на договорот“ откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Москва повеќе нема да прифаќа плаќања во долари и евра за испорака на гас за Европската унија.
    Таквото барање „значи раскинување на договорот“, изјави министерот за економија Роберт Хабек на прес-конференција во Берлин.
    „Сега ќе разговараме со нашите европски партнери како ќе одговориме на ова барање“, додаде тој.

     

    По одлуката на Путин увозниците од „непријателските земји“ да плаќаат во рубљи, цената на гасот во Европа скокна за околу 20 отсто по одлуката на Путин увозниците од „непријателските земји“ да плаќаат во рубљи.

    Цената на гасот во Европа надмина 1.350 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

     

     

    Априлската цена на фјучерсите во центарот ТТФ во Холандија се искачи на 1.353 долари за 1.000 кубни метри или 118,75 евра за мегават час.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ