„Енерџи Деливери Солушнс“ (ЕДС) на голема врата се враќа на пазарот за снабдување со струја и тоа во услови на најголемата досега енергетска криза. За неполни три месеци успеа да добие 42 тендери од 64 тендери на кои струја набавуваат министерства, државни органи, институции, агенции, управи, школи, музеи и државни компании пишyва порталот faktor.mk.
ЕДС се враќа на старите позиции кои потсетуваат на времето кога убедливо доминираше на пазарот за снабдување со електрична енергија. Особено по ланската доминација на други компании се случи голема промена на пазарот на снабдувачи со електрична енергија.
Сите тендери кои ги добива ЕДС предвидуваат набавка на електрична енергија по цени на унгарската берза за електрична енергија ХУПЕКС (се вади просек од дневните цени на месечно ниво) на што се засметува маржа (што всушност е надоместокот за снабдувачот ЕДС во кој се вклучени сите трошоци за набавка и достава на енергијата до потрошувачот).
Во оваа ситуација фирмите, институциите, установите, комуналните претпријатија немаат друг избор. Цената на струјата веќе не е прашање, важно е дека ја има и дека може да се добие од доверлив снабдувач.
Веќе е повеќе од сигурно дека институциите ќе ги пробијат буџетите за набавка на струја. Затоа што парите што до лани ги планираа за цела година за струја сега, со оглед на цените на берзите за струја, ќе ги потрошат четири месеци. Цените на струјата на берзите се рефлексија на бројните неизвесности кои украинската состојба ги катализираше дополнително.
Листа на најголемите десет тендери што од почеток на годинава ги доби ЕДС.